Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Голем интерес кај родителите, пополнети местата за училишни деца во градинките

„Капацитетите за згрижување на деца до 10-годишна возраст, односно до трето одделение, во градинките на Општина Центар се пополнети,“ информираше градоначалникот Горан Герасимовски за попладневната градска програма на МРТВ.

Со оваа мерка, Општина Центар им излегува во пресрет на родителите со работни обврски кои немаат кој да им ги чува децата. Во моментов во центарските градинки се примени стотина деца од оваа возрасна категорија.

Децата се згрижени во 7 од вкупно 12 клонови на градинките на територијата на општината.

„За нив се грижат дел од негувателките, но и наставничките од училиштата. Тие секојдневно работат со децата, цртаат, пишуваат, пеат, се едуцираат и спортуваат. Времето кое го поминуваат овде, секогаш е исполнето со квалитетна содржина,“, посочи Герасимовски во „Програмата на градови“ на МРТВ.

Дополнително, во сите градинки редовно се згрижуваат и деца од помала возраст. Општина Центар е единствена општина во градот Скопје каде нема листа на чекање за упис на нови деца и Герасимовски потврди дека има слободни места во сите клонови на трите матични градинки.

Со отворањето на новата градинка „Пролет“ општината дополнително ги зголеми капацитетите за прием. Со оваа градинка во секоја населба има градинка во близина за згрижување на деца од предучилишна возраст, истакна градоначалникот на Центар.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Не продадовме ниту еден метар квадратен државно земјиште, донесовме ДУП-ови со повеќе зеленило и помалку градби

ДЕСК

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина, 27.10.2025

ДЕСК

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

ДЕСК