Centar.mk
СВЕТ

Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК