Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.

„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да постигнат мир, ќе го достават овој последен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да се подобри – САМО ЌЕ се влоши“, заклучи американскиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК