Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, вчера градоначалникот Горан Герасимовски заедно со својот тим од Општина Центар беше во Градскиот парк, кадешто разговараше со граѓаните за проектите кои досега беа имплементирани, но и за предизвиците со кои се соочуваат како би се помогнало во подобрување на квалитетот на живот во оваа општина.

Граѓаните изразија позитивни реакции за досегашното работење на општината, за отворањето на новата градинка во населбата Пролет, за поставувањето на СМАРТ осветлување, како и за реконструкцијата на култната сала „Работнички“. Жителите, укажаа на еден од клучните проблеми, а тоа е паркирањето, особено во реонот на Дебар Маало, каде што жителите сè почесто се соочуваат со недостиг од паркинг простор поради возила кои доаѓаат од други делови на градот.

Герасимовски истакна дека општината веќе работи на пилот-проект за ограничување на движењето на возила во внатрешноста на Дебар Маало за време на викендите.

Маалските средби продолжуваат и денеска во 18.30 часот, на Водно (Кошот на Тинекс).

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК

ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ – Сообраќајот ќе се пренасочува, еве од колку часот

ДЕСК

ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД УТРОВО БЕЗ ВОДА – Голем дефект, еве кога се очекува нормализирање

ДЕСК