Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош, соопшти МВР.

Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.

Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК