Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени возачи од Куманово, Кочани и Македонски Брод затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Соопштение на МВР:

Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К.(80) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така денеска во Куманово, но на бул. „Октомвриска револуција“ во 00.43 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(43) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Денеска (28.06.2025) во 01.31 часот на ул.„Партизанска“ во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.Р.(52) од с.Црешнево, Македонски Брод. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Исто така, денеска (28.06.2025) во 00.30 часот на ул.„Крум Вранински“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.И.(45) од Кочани. При вршење на увид на сообраќајна незгода, утврдено е дека додека Д.И. управувал патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,63 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК