Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Дискриминацијата врз албанските полицајци е уште еден доказ за исклучувачките политики на оваа влада

Соопштение на ДУИ – интегрален текст:

Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост за јавните изјави на Независниот полициски синдикат, кои потврдуваат една горчлива реалност: систематската дискриминација на албанските полицајци и неможноста за нивен напредок во полициската хиерархија.

Според претставници на Синдикатот, и покрај тоа што многу албански службеници имаат над 20 години работно искуство и ги исполнуваат сите професионални услови, тие не уживаат право на унапредување. Во населените места со албанско мнозинство, раководното претставување е изедначено со македонското, додека во средини каде што Албанците се малцинство, речиси и не постојат во раководните структури.

Ова е јасен пример за прекршување на принципот на правична и соодветна застапеност и дополнителен доказ дека оваа влада дејствува на етничка основа, спротивно на Уставот, Охридскиот договор и европските стандарди за еднаквост и инклузивност.

ДУИ оценува дека оваа постојана дискриминација не само што го поткопува моралот и мотивацијата на албанскиот кадар во полицијата, туку сериозно ја нарушува и довербата на албанските граѓани во државните институции.

Им упатуваме апел на сите надлежни институции итно да ги истражат овие дискриминаторски практики и да преземат конкретни мерки за обезбедување еднаквост во унапредувањата, вработувањата и одлучувањето во рамките на Министерството за внатрешни работи и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +