18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Помагам на евроинтеграциите на Молдавија, Црна Гора и Украина, со раководството на СДСМ имам коректна комуникација

Поранешниот вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ откри дека во овој период тој е ангажиран во три различни држави на проекти за поддршка на интегрирањето во ЕУ.

„Веќе некое време работам во три различни држави на проекти за помош на Владите за европските интеграции, конкретно на преговрачките тимови и министрите надлежни за преговори. Во Молдавија сум ангажиран најмногу, таму имам два проекти на кои работам, поддржани од ГИЗ, од германската агенција за помош. Во Црна Гора исто така и во Украина помагам од далечина, не одам, на патувам таму заради состојбата, но помагам во нивните процеси на подготовка“ рече тој.

Во однос на партискиот ангажман, Маричиќ вели дека тој има коректна комуникација со раководството на СДСМ, но дека нема никаква функција во партијата.

„По изборите и по оној резултат и поразот што го доживеавме, барем јас лично сметав дека треба да поднесам оставка од сите партиски функции и да се посветам на други работи, да оставам простор да легнат работите, да помине време и едноставно да рекапитулираме, што се случи и зошто дојде до тоа. Партиски, јас припаѓам на СДСМ, јас сум долгодишен член и имам коректна комуникација со раководството, но немам никаква функција“ порача Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК