Centar.mk
БИЗНИС

За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +