НЛБ Банка Скопје одбележува значаен јубилеј, 40 години од своето основање. Во изминативе четири децении НЛБ Банка Скопје со стратешка визија ја градеше својата позиција, издигнувајќи се до една од највлијателните финансиски институции во земјата и столб на доверба и стабилност. Банката покажа отпорност на сите глобални и пазарни предизвици и посветеност кон иновации и раст, истовремено обезбедувајќи поддршка на населението и стопанството и давајќи силен придонес во заедницата и економијата на земјата.
„Овој јубилеј е повеќе од бројка. Тој е сведоштво за посветеност и истрајност и доказ за банка со јасна визија за сè што следи. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои придонесуваат кон извонредното патување на НЛБ Банка – клиентите, генерации вработени, партнери и соработници, НЛБ Групацијата и сите претходни управи кои ја градеа оваа институција. Нивната посветеност и непоколеблива верба во успех ги поставија темелите врз кои ние продолжуваме да градиме.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Децениското наследство е инспирација за иднината. Со јасна визија за иден раст и развој, НЛБ Банка Скопје ја зацрта својата стратегија до 2030 година – целосно дигитална банка, супериорно корисничко искуство, високи перформанси, столб на стабилност и одржливо работење.
„Денес НЛБ Банка Скопје е фокусирана на иднината повеќе од кога било. Динамичниот свет во кој живееме и технологијата која се менува со брзина на светлината, целосно го преобликува нашето работење и нашите стратешки приоритети. Инвестираме во дигиталната трансформација, ги прошируваме нашите услуги и го преобликуваме искуството на нашите клиенти. Иднината отвора нови хоризонти и безброј нови можности. Со наследството кое го носиме и иновациите кои ги воведуваме, немам сомнеж во успехот.“ – заклучува Стојановски.
Одбележувањето на овој значаен јубулеј, веќе од денеска, Банката го започнува со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“, порака која силно допира до секој еден кој знае да сонува, но и да се охрабри и да влезе во светот на бескрајни можности. Слоганот ја отсликува амбицијата – моќна сила која поттикнува и движи напред.
https://youtu.be/kSlgDRTQ-l0?si=SPpP8l-xwUnTNvMG
Човечката амбиција е универзална, таа е енергија што го трансформира потенцијалот во реалност. НЛБ Банка силно верува дека амбицијата вреди да се поддржи. Веќе 40 години цврсто стои покрај поединци, семејства и бизниси и е Банка која беше и останува нивен сигурен финансиски партнер за сè што следи.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...