Centar.mk
СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана: Наредив силни напади врз Техеран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран, пренесуваат медиумите во регионот.

„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.

Иран, од друга страна, сè уште не потврдил дека извршил нови напади.

Иранскиот министер за надворешни работи претходно изјави дека неговите напади ќе престанат само ако Израел го стори истото./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +