Centar.mk
СВЕТ

По нападот на САД и Израелците го нападнаа нуклеарниот објект Фордо

Иранската нуклеарна централа Фордо е повторно погодена, овој пат во израелски напад, јавуваат иранските медиуми.

Објектот, изграден во планина, претходно беше цел на американски напад.

Портпаролот на кризниот штаб на провинцијата Ком за новинската агенција Тасним изјави дека Фордо бил повторно погоден.

Израелските медиуми објавија дека војската го гаѓала пристапниот пат до нуклеарниот објект.

Американскиот напад во текот на викендот, според шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, веројатно предизвикал многу значителна штета на централата.

Тој додаде дека засега никој не може да каже колкава е вистинската штета во подземните делови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер остро го критикуваше Нетанјаху

C +

Њујорчани протестираат против израелските воздушни напади врз Либан и Иран

C +

Поранешен амбасадор на САД во НАТО: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

C +