Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран: Ќе се браниме со сите сили од агресијата на САД

Министерството за надворешни работи на Иран објави ново соопштение.

Техеран истакна дека ќе се брани од, како што ја нарече, американска воено поттикнувачка политика.

„Исламската Република Иран е решена да ја брани територијата, суверенитетот, безбедноста и народот на Иран со сите сили и со сите средства од агресијата на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Тие го нарекоа нападот јасно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и повикаа на итна седница за да се осуди нападот.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, предмалку на социјалната мрежа „Икс“ објави дека во изминатата недела и Израел и САД одлучиле да ја „кренат во воздух дипломатијата“.

Во соопштението тој наведува дека за време на минатонеделните преговори со Америка „Израел решил да ја крене таа дипломатија во воздух“.

Истото се случило, тврди тој, за време на разговорите со европските претставници, но овој пат „САД решиле да ја кренат дипломатијата во воздух“.

„Каков заклучок би извлекле?“ праша тој.

Додаде: „За Британија и високиот претставник на ЕУ, Иран е тој што треба да се врати на преговарачката маса. Но, како може Иран да се врати за нешто што никогаш не го напушти, а камоли да го уништи?“./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.