Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Во време кога владеењето на правото и темелните вредности на достоинствениот живот се клучни за опстанокот на демократскиот поредок, во Македонија сведочиме на сериозна тенденциозна операција која има за цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на власта на ДПМНЕ, се во директна спротивност со ветувањата од нивната изборна програма, која се покажа како формална и измамничка агенда.

-Наместо реални реформи и правда, сведочиме на континуирано и систематско поткопување на судската независност и правдата. Ветувањата за правда, вклучително и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови, додека надежта за правда е сериозно нарушена. Особено загрижувачки е третманот на мајките на жртвите од Кочани, кој ја отсликува вистинската состојба на правдата во државата, рече Чупеска.

Јасно е дека власта не сака независни судии, туку послушници, а тоа го постигнува преку воспоставување авторитарна партиократија која целосно ја контролира правосудната власт.
-Ситуацијата со Судскиот совет е уште еден показател за системската операција на упади и контрола над најважниот уставен орган кој треба да обезбеди непристрасност и независност на судството. Нелегалните разрешувања на членови на Советот, игнорирањето на препораките од оценската мисија и донесувањето на законски решенија со длабоки отстапувања се неприфатливи и сериозно ги загрозуваат реформите.

Нашата Комисија за правда веќе изврши темелна анализа и ги достави своите забелешки до Министерството за правда, а наскоро ќе ги известиме и нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ја и Европската унија, за сериозните пропусти и тенденциозноста на оваа власт, истакна потпретседателката на СДСМ.

Ние ќе продолжиме да бидеме конструктивни и посветени на реформскиот процес и преку својата експертиза ќе придонесеме за подобрување на законодавството, со цел реформската агенда да биде одблокирана и Македонија да се врати на патот на владеење на правото и правдата.

error: Соддржината е заштитена.