14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре голема трибина: „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“

Социјалдемократскиот сојуз утре напладне ќе ја отвори тематската конференција „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, најавена како сеопфатна анализа на работата на актуелната власт. Настанот ќе се одржи во централното партиско седиште на СДСМ во Скопје, а за јавноста ќе биде отворен од 11:30 часот, кога е предвидено пристигнувањето на медиумските екипи.

Пет фокус-панели, дваесетина говорници

Конференцијата почнува точно во 12:00 часот со воведно обраќање на генералниот секретар на партијата, Александар (Саша) Димитријевиќ. Потоа следуваат пет тематски панели, секој по дваесетина минути, на кои ќе говорат експерти и високи функционери на СДСМ:

ВремеПанелТемаНајавени говорници
12:10 – 12:30Панел 1Економија, животен стандард, земјоделство, транспортАгрон Демири · Трајан Димковски · Митко Трајчулески
12:30 – 12:50Панел 2Образование, здравство, младипроф. Петре Трајковски · д-р Елена Радеска · Трајче Стојчевски (СДММ)
12:50 – 13:10Панел 3Безбедност, правда, судствоВикторија Мадиќ · проф. Ана Чупеска
13:10 – 13:40Панел 4Локална политика, ЕУ-интеграции, домашна и надворешна политикаКаја Шукова · проф. Љубомир Фрчкоски · Андреј Жерновски
13:40 – 14:10Панел 5Заклучно обраќањед-р Венко Филипче, претседател на СДСМ

Филипче со завршна порака

Кулминацијата на трибината е завршниот панел, на кој претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе даде политичка оценка за „првата година од управувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе ги претстави приоритетите на социјалдемократите за наредниот период.

Организаторите нагласуваат дека целта е „преку аргументи и факти“ да се демонстрира како, според СДСМ, „граѓаните се соочуваат со економска стагнација, нарушени институции и влошен меѓународен кредибилитет“. Се очекува секој панел да понуди конкретни бројки и споредбени анализи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.