Centar.mk
СВЕТ

Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.

Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.

„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.

Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијанците живеат најдолго во Европа

C +

Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025 година

C +

ЕУ замрзнува 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати репарации

C +
error: Соддржината е заштитена.