Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари од донации земале осомничените за Пулс?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски на денешната прес конференција ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да одговори колку пари во форма на донации земале од осомничените за трагедијата во Кочани.

„Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од Пулс?“ запраша Талевски.

Тој повторно посочи дека одговорноста за трагедијата мора да почне од министерот Панче Тошковски и директорот на БЈБ Александар Јанев.

„А кој ги постави сите овие началници, одговорни полицајци, надлежни полициски службеници? Кој им давал наредби? Тошковски и Јанев. Затоа одговорноста мора да почне од нив“, изјави Талевски, додавајќи дека Мицкоски и Тошковски со месеци се обидуваат да ја прикриваат вистината за трагедијата во Кочани

Тој најави и продолжение на иницијативата на СДСМ под наслов „Вистината за Кочани 2“, во кое како што рече ќе следуваат нови факти, аргументи и информации.

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК