2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.

Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.

„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.

Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.

Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија

C +

Извештај: Бројот на ХИВ-позитивни руски војници пораснал за 2.000%

C +

Масовен напад врз Русија: Украинските дронови направија хаос во три региони, има загинати

C +