Centar.mk
СВЕТ

Хамас користел тунел под Европската болница во Кан Јунис како команден центар, вели израелската војска

Милитантната група Хамас користела тунел под Европската болница во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, како еден од главните командни центри за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти израелската војска.

При нападот на тунелот на 13 мај, убиен бил лидерот на Хамас, Мухамед Синвар, заедно со други високи команданти на таа милитантна група, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска претходно соопшти дека војниците го пронашле телото на Синвар, но дека тоа сè уште треба официјално да се потврди.

Тој е помлад брат на поранешниот лидер на Хамас во Газа, Јахја Синвар, кој беше убиен од израелската војска во јужна Газа во октомври минатата година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗАСТАНА ЗАД АЈЗЕНКОТ – За влада сè уште недостига мнозинство

ДЕСК

КАТАР ГЛЕДА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР – САД и Иран разгледуваат нови предлози

ДЕСК

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК