РК АЛКАЛОИД Е ОСВОЈУВАЧ НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА ЕХФ!
„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.
По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!
Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!
Ви благодариме на сите за поддршката!“ – пишуваат од РК АЛКАЛОИД на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...