15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден со свечена завршна приредба испрати уште една генерација дечиња кон ново животно поглавје – првото одделение. Идните првачиња преку драмски претстави, песна и танц им се заблагодарија на своите воспитувачки за љубовта, трпението и знаењата стекнати во градинката.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој упати искрена благодарност до сите воспитувачи и вработени во градинката за нивната посветена работа. Тој на идните ученици им посака многу успех, радост и знаење во училишните денови.

Во магична атмосфера, збогатена со впечатлива сценографија и шарени костими, дечињата ја поведоа публиката низ музичко и емотивно патување. Публиката, воодушевена од нивниот настап, ги поздрави со бурен аплауз и топли емоции.

Можеби ќе ве интересира

САНКЦИОНИРАНИ 105 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Нови детски игралишта, зеленило и решавање на проблемот со паркирање на Водно

C +

Герасимовски: Преполн Парк на Франкофонија, илјадници скопјани уживаа на „Нешто што ќе остане“

C +