Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Иницијативата поднесена од Апасиев за одржување на надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Соопштение на Левица:

На денешната седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, побара дополнување на Дневниот ред со Иницијатива за одржување на собраниска надзорна расправа за трагедијата во Кочани.

Оваа Иницијатива од страна на член на матично тело, како што посочи и пратеникот од Левица, е последно средство преку кое би се дошло до конечна собраниска расправа. Апасиев истакна дека оваа Иницијатива доаѓа откако Иницијативата за одржување на надзорна расправа понудена од страна на пратеникот од Левица од Изборна единица 3 – Борислав Крмов, со месеци не може официјално да се поднесе бидејќи не се собрани потребните 15 потписи, односно, потпишани се само шестте пратеници од Левица и никој друг.

За жал, мнозинството во Комисијата, предводено од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, гласаше против овој предлог на пратеникот Димитар Апасиев, и со три гласа „за“ и девет „против“ – Дневниот ред не беше дополнет со Иницијатива за одржување на надзорна расправа за пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект, нема намалување на цените на горивата

ДЕСК

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК