Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Економските политики и посветената работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди економски раст и развој, подобар живот и животен стандард, даваат резултати.
По предизвикот да се запре слободниот пад на економијата, кој што Владата го имаше по преземањето на одговорноста да ја води државата, сега веќе македонската економија влегува во фаза на раст.
Во првото тромесечје од годинава, Македонија бележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 3,4%. Ова е официјален податок од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Овој раст на економијата го потврдува и „Евростат“, според кој прилагодениот, согласно сезонските и календарските податоци, раст на БДП изнесува 3,2%.
И ова не се случајни бројки само за првиот овогодинешен квартал, ова е трет последователен раст на БДП од три или повеќе проценти откако е избрана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на зголемени економски предизвици, каде што економијата во еврозоната е или во стагнација или забележува минимален раст, оваа Влада покажа како се подобрува и економската состојба и како се развива економијата.
Со овој раст на БДП, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш зад Ирска, Данска и Полска.
Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, но не се застанува тука, целта е да се постигне и одржува просечен раст од над 4%.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција, кои сега ги даваат своите резултати.
Уште по посветено ќе се продолжи со враќање на довербата во домашната економија и на враќање на достоинството во секоја професија.
Македонија ќе биде земја во која убаво и достоинствено ќе се живее.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...