Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Хера
МАКЕДОНИЈА

Општините од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се вмрежија и ги зајакнаа капацитетите за интеграција на РЕСИ алатката во локалното планирање и буџетирање

ХЕРА со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, во периодот од 2 до 4 јуни 2025 г., во Велес, одржа обука за вмрежување и примена на алатката РЕСИ – Родовата еднаквост и социјална инклузија во процесите на креирање политики, буџетирање и стратешко планирање на локално ниво.

Се поголем број на истражувања укажуваат на фактот дека, со вклучување на РЕСИ – родовата еднакост и социјалната инклузија во различни сфери на општественото живеење, се унапредуваат здравјето и социјалната благостојба на луѓето.

Оваа обука претставува кулминација на шестмесечна работа со шест општини од Северна Македонија (Валандово и Гостивар), Србија (Вршац и Кањижа) и Босна и Херцеговина (Бијељина и Вишеград), во рамки на проектот „Патот до еднаквоста: Креирање родово и социјално инклузивни политики за отпорни локални заедници”.
Во изминатиот период, секоја од општините работеше на анализа на избрани локални програми преку РЕСИ пристапот – од животна средина и урбана мобилност, до социјални услуги, вработување на ранливи групи и локален економски развој. Учесниците на обуката имаа можност практично да ги применат алатките за анализа на родова еднаквост и социјална инклузија во избраните политики, да изработат нацрт-акциски планови и да постават индикатори за следење на резултати.

Целта на оваа обуката е регионално вмрежување, јакнење на капацитетите на општинските тимови за систематски пристап кон интеграцијата на принципите на родова еднаквост и социјална инклузија во локалните политики и буџети. Ова е чекор напред во градење на поотпорни, правични и инклузивни заедници во регионот.
Проектот продолжува со менторска поддршка на општините во финализирањето на нивните РЕСИ акциски планови, како и со зајакнување на регионалната размена на искуства и добри практики меѓу општините од Западен Балкан.

Проектот е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, во соработка со Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа (НАЛАС), преку регионалниот проект за „Социјално вклучување на ранливи групи на Западен Балкан“.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК