Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен скопјанец со куп пиротехника

На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес уапсија маж (65) од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност.

Мажот е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект, нема намалување на цените на горивата

ДЕСК

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК