Centar.mk
фото ДУИ
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса од претставување, каде нивниот глас се заменува со луѓе покорени од страв од кривична одговорност

Сoопштение на ДУИ:

Откривањето на незаконските активности на раководството на влен, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето:

ВМРО-ДПМНЕ ги создаде и ги избра токму затоа што се уценливи и контролирани преку отворени досиеја во обвинителството кое е целосно под контрола на власта.
Во Општина Чаир, изградбата на над 150 дивоградби – без дозволи, без сеизмички и статички стандарди и без каков било институционален надзор – претставува не само урбан криминал и сериозна закана за граѓаните, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски, кои сега се претворени во покорни алатки на антиевропската и антиалбанската агенда на Владата.

Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса од претставување, каде нивниот глас се заменува со луѓе покорени од страв од кривична одговорност.

Станува збор за смислен проект со цел да се наруши меѓуетничката еднаквост, да се демонтира Охридскиот договор и да се изведе земјата од европскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +