Centar.mk
фото ЈС/Centar
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ТЕМПЕРАТУРИ ДО 37°C, НО И МОЖНОСТ ЗА НЕВРЕМЕ СО ГРАД – Каков продолжен викенд не очекува, детална прогноза

Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Утре во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 05.06.2025
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 35°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Прогноза за 06.06.2025
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 36°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Прогноза за 07.06.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец

Можеби ќе ве интересира

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ СКОПЈЕ: ПЕТ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ – 22-годишник со тешки повреди

ДЕСК

ЛОВЕЧКА ПУШКА „БАЈКАЛ“ И ПАТРОНИ КАЈ СОПАТНИК – Кривична пријава против скопјанец

ДЕСК

„АУДИ“ ПРЕГАЗИ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПЈЕ – Со болничка малолетничката со тешки повреди пренесена во Ургентен

ДЕСК