Изјава на премиерот Мицкоски:
„Почитувани претставници на медиумите,
Драги пријатели,
Почитувани сограѓани,
Во политиката понекогаш ќе слушнете како некој ќе рече дека „бројките не значат многу доколку не се почувствуваат“.
Денес сакам да ве уверам дека бројките што ги објавуваме не се само статистика, тие се огледало на промената што веќе се чувствува.
Во секојдневието.
Во секој дом.
Во секоја компанија.
И кај секој човек што веруваше дека Македонија може и мора подобро.
Денес, со одговорност објавуваме:
Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.
Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска.
Тоа е многу значајно и ова не е случајност.
Ова е резултат на храброст, визија и многу работа.
Ова е доказ дека кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и со трпение – резултатите мора да дојдат.
Знаевме дека не смееме да губиме време.
Го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и манипулација.
Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција.
Почитувани присутни,
Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината коишто секогаш е најслаб би рекол и најпредизвикувачки.
Сепак, доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мораме:
Да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4%, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри тоа многу зависи и од екстерните фактори, имајќи дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4% тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2%.
Еве неколку податоци коишто можеби ќе бидат интересни. Да речеме Белгија е 1,1%, Германија е 0%, Естонија е 0,1%, Франција 0,6%, Италија е 0,7%, Латвија е -0,3%, Унгарија е -0,4%, Австрија е -0,7%, Романија е 0,5%, Словенија е -0,8%, Словачка е 1%, Финска е 0,8%, соседна Србија во првиот квартал е 2% итн.
Целта беше на оваа Влада да ги решиме дупките во продуктивноста и вработувањето, но, она што е важно дека покажавме дека државата конечно функционира.
И тоа го гледаме денес.
Во странските инвестиции што растат.
Во индустриското производство што се стабилизира и веќе би рекол втор квартал по ред е позитивно.
Во новите инвестиции што се реализираат – од Гевгелија до Куманово, од Кичево до Штип, од Делчево до Дебар.
Овој раст не е само бројка.
Тоа се нови фабрики, нови машини, нови договори, нови плати, нова надеж.
Тоа се семејства што имаат повеќе сигурност.
Тоа се млади луѓе што гледаат причина да останат и да се борат тука, во својата земја.
Знаеме дека економијата не е ништо без луѓето.
Затоа ја градиме економијата со луѓето.
Со трудољубиви работници.
Со креативни млади.
Со стручни инженери.
Со земјоделци што секој ден се борат со временските услови, а не се предаваат.
Со жени претприемачи, со ИТ-иноватори, со чесни претставници на приватниот сектор.
Оваа бројка е за нив.
Но, ова е само првиот важен чекор.
Ова можеме да кажеме дека во првата година конечно економијата се стабилизира во рамките на 3 и плус проценти, нешто што порано беше невозможна мисија повеќе од 7 години.
Но тука не застануваме, следува повеќе.
Да бидеме реални, пред нас има уште многу предизвици.
Имаме систем што беше поткопуван со години.
Имаме институции кои мора да се вратат на граѓаните.
Имаме генерации млади луѓе што чекаат шанса.
Но денешниот раст е јасен сигнал: одиме напред.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...