Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

ЦУК СО ВОНРЕДЕН АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Доаѓаат високи температури

Соопштение на ЦУК:

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ!

Поради најавените високи температури во наредните денови, значително се зголемува ризикот од појава на пожари на отворени површини.

Центарот за управување со кризи упатува апел до сите граѓани:

Бидете внимателни при движење или престој во шуми, полиња и други отворени простори;
Избегнувајте употреба на запаливи материи (отворен оган, цигари, запалки, плински уреди и слично);
Не палете отпад или сува вегетација — тоа може да доведе до пожари со катастрофални последици.

Доколку забележите оган, дим или било какви активности кои можат да предизвикаат пожар:

Веднаш пријавете на бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.

Апелираме: не го злоупотребувајте бројот 112 за лажни дојави. Таквите постапки не само што ја нарушуваат работата на службите, туку може да предизвикаат сериозни последици по безбедноста на сите граѓани.

Заштитата од пожари е заедничка одговорност!

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ СПУШТАТ ПОД НУЛАТА – Метеоцентар со детална прогноза за времето

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Четири години работиме чесно и транспарентно – очекуваме убедлива победа

ДЕСК

Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

ДЕСК