Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Последните случувања поврзани со антиевропската агенда во регионот се јасен показател дека е во движење еден организиран проект поддржан од моќни проруски и прокинески центри, со цел да се сруши демократскиот поредок на Балканот и да се запре процесот на европска интеграција

Реакција на ДУИ:

Последните случувања поврзани со антиевропската агенда во регионот се јасен показател дека е во движење еден организиран проект поддржан од моќни проруски и прокинески центри, со цел да се сруши демократскиот поредок на Балканот и да се запре процесот на европска интеграција.

Станува збор за добро организиран и политички, медиумски и финансиски поддржан проект од антизападни сили кои сакаат да го изолираат регионот и да го претворат во зона под влијание на источни автократии.
Во ова опасно сценарио, Владата на Северна Македонија и на Република Српска на чело со Додиќ се на првата линија на фронот за саботирање на ЕУ агендата на регионот.

За жал, активни учесници станаа и одредени албански фракции во актуелната власт, вазали избрани и контролирани од Мицкоски преку обвинителството, со цел да се сокријат криминалните афери кои тежат врз нив.

Тие „албански партнери“, неспособни и корумпирани, не можат да бидат легитимна заштита на еден таков опасен антиалбански и антиевропски проект.

ДУИ јасно порачува: Албанците никогаш нема да дозволат државата да стане сојузник на Додик, како инструмент за саботажа на Брисел во регионот.

Нема да прифатиме да бидеме заложници на една агенда која ќе ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наспроти лагите и манипулациите на СДС и Филипче, фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

ДЕСК

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

ДЕСК