Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан

„Слушнавме како Орбан го фали Мицкоски, практично негова продолжена рака во овој дел на Балканот. Последниот авторитарен лидер во Европа доживеавме да го фали нашиот премиер дека бил брана за бегалците. Пазете каква иронија. Човекот којшто направи сè Унгарците да влезат во ЕУ, да ги користат сите бенефити, да бидат заштитени, сега ние сме брана за бегалците надвор од Европа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со членовите на општинската организација Аеродром.

А вистината не е таква, Договорот за Фронтекс, кој што е потпишан, меѓу другото, и на македонски јазик, благодарение на нашите политики е „браната“, додаде Филипче.

“Договорот за Фронтекс, на чист македонски јазик во Европска Унија – без фусноти и без ѕвездички, е наша заслуга. Тоа е “браната” за мигрантите. Значи, повторно еден систем европски – од којшто нашата влада нè држи на страна“, потенцираше Филипче.

Претседаелот Филипче додаде дека власта со своите политики ја уназадува државата, а ВМРО-ДПМНЕ продолжи таму каде што застана Никола Груевски.

„Ситуацијата во државата никој не треба да ја објаснува – многу добро гледаме секој ден како владее ВМРО-ДПМНЕ. Продолжија таму каде што запре Никола Груевски. Сè е исто,“ истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +