Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето се менува, конечно и добри вести: Метеоцентар со детална прогноза

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.

Прогноза за 30.05.2025
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.05.2025
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 01.06.2025
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.