Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

-Како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра? Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси понинаку дали е возможно? – прашуваат од СДСМ.

„Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта.

Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба да се бори против корупцијата а не да биде извор.

За скандалозниот тендер во МВР институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.

Панче Тошковски е фатен жив.

Оновното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција мора да постапат и да го заштитат јавниот интерес, да ја обезбедат правдата а скандалозниот тендер мора да биде поништен.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!“ – се вели во днешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК