Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Недолична и агресивна комуникација на Петар Богојески – загрижувачко однесување на јавен функционер

Центар.мк изразува поддршка за реакцијата на Рацин во врска со однесувањето и јавната комуникација на новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески. Ваквото однесување го сметаме за недолично и спротивно на Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, особено во однос на комуникацијата со медиумите.

Наместо да се придржува до стандардите и етичките принципи на јавното комуницирање, господинот Богојески продолжува со несоодветна реторика на социјалните мрежи, како што тоа го правеше и во периодот кога беше активен како партиски функционер.

Петар Богојески одамна е познат по јавни изјави со шовинистички тон, навредлив речник, говор на омраза и ширење дезинформации.

Реакцијата на Рацин.мк прочитајте ја на следниот линк:

/https://racin.mk/makedonija/javnata-komunikaczija-na-petar-bogojeski-ja-smetame-za-nedolichna-i-agresivna/

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК