Centar.mk
СВЕТ

Фон дер Лајен: ЕУ мора да постигне трговски договор со САД до 9 јули

Европската Унија е подготвена брзо да дејствува во трговските преговори со Соединетите Американски Држави, но ќе треба да „постигне добар договор“ до 9 јули, првичниот рок за преговори, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен во објава на Икс изјави дека имала „добар“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Повикот уследи откако Трамп во петокот изјави дека е незадоволен од темпото на трговските преговори со ЕУ и се закани со воведување царини од 50 проценти за сите стоки од Европската унија почнувајќи од 1 јуни.

На почетокот на април, самиот Трамп постави рок од 90 дена за трговски преговори со ЕУ, кој треба да истече на 9 јули.

„Добар разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави“, напиша фон дер Лајен на Икс. „Европа е подготвена брзо и решително да ги забрза преговорите. За да преговараме за добар договор, ни треба време до 9 јули“, рече таа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +