Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче од Штип: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж!

„Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж“, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип.

Филипче ги разобличи нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на огромните последици од ваквиот потег:
„Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “

Филипче ја посочи и тешката реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден.

„Штипјани веќе ја чувствуваат тежината од лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – животниот стандард е на дното, платите стагнираат, младите си заминуваат. Вистината за бездната во којашто ја туркаат државата допрва ќе излегува на виделина.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Штип.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +