26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Во март 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 44 763 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во март 2025 година, во однос на март 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10.5 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 12.3 %, Уметност, забава и рекреација за 6.8 % и Преработувачка индустрија за 6.4 %.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска- Кочоска во Загреб: Интеграцијата на регионалните пазари на капитал значи поголем пристап до извори на финансирање, доверба и европски стандарди

ДЕСК

Во чест на 140-годишниот јубилеј, „Тиквеш“ повторно беше инспирација за поетите учесници на Струшките вечери на поезијата

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК