9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија.

Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини.

Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.

Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Втората група проекти се во здравството, завршување на клиничкиот центар Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Договорот подразбира отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи линии, автопати и патишта.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината и здравството.

Договорот носи историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.