Centar.mk
СВЕТ

Тајван: Ние сме за мир, но подготовката за војна е најдобриот начин да се избегне војна

Тајван сака мир и дијалог со Кина бидејќи нема победници во војна, но владата мора да продолжи да ја зајакнува одбраната на островот, изјави во вторник претседателот Лаи Чинг-те, една година откако ја презеде функцијата. Кина го нарекува тајванскиот претседател „сепаратист“ и отфрли неколку негови понуди за разговори.

Лаи го отфрла барањето на Кина за демократскиот остров, велејќи дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Портпаролот на владата минатата недела изјави дека Тајван не може да ја исклучи можноста Кина да ја одбележи годишнината со воени вежби.

Зборувајќи со новинарите во претседателската канцеларија во центарот на Тајпеј, Лаи рече дека тајванскиот народ е мирен. „Исто така сум посветен на мирот. Бидејќи луѓето се бесценети, а во војната нема победници. Но, кога станува збор за барање мир, не смееме да имаме соништа или илузии“, рече тој.

Тајван ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана бидејќи подготовката за војна е најдобриот начин да се избегне, додаде Лаи. „Исто така, повторувам: Тајван е подготвен за размена и соработка со Кина сè додека постои меѓусебно почитување. Размена наместо опкружување, дијалог наместо конфронтација.“

Кинеската канцеларија за прашања поврзани со Тајван не одговори веднаш на барањето за коментар.

Минатата недела, Министерството за одбрана на Кина го нарече Лаи „креатор на кризи во Тајванскиот теснец“, кој ги интензивира непријателствата и конфронтациите и ги поткопа мирот и стабилноста./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +