12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Градоначалникот Горан Герасимовски, во утринската програма „Македонија наутро“ на МРТ говореше за сите проекти што се имплементираат за развој на Општина Центар.

Герасимовски информираше дека во тек е јавниот повик за изработка на мини мурали и графити коишто треба да ги разубават фасадите во Центар.

„Ова е еден од многуте повици коишто ги има општината, цел ни е да се грижиме за најмладите, за највозрасните, за уметниците, но и за разубавување на нашите фасади, нашата општина да заличи на урбаните метрополи од европските држави. Имаме повеќе мурали почнувајќи од Горан Стефановски, маестро Џамбазов, а продолжуваме и сега со повикот. Целта ни е да ги поттикнеме младите креативци да се изразат преку цртање на мурали и разубавување на нашите центарски улици“, рече Герасимовски.

Во емисијата, Герасимовски посочи дека сите поединци и здруженија што можат да учествуваат треба да одберат локација којашто ќе биде одобрена од сопствениците на станбениот објект кадешто ќе се црта самиот мурал.

„Верувам дека ќе има голема заинтересираност и верувам дека ќе направат сè да разубавиме повеќе фасади во Центар. Самиот повик е до крајот на неделата. Целта ни е да ги поттикнеме и другите градоначалници да спроведуваат вакви проекти, да не биде само Општина Центар кадешто ќе може да се изразуваат уметниците преку ѕидовите и да ја разубавуваат општината. Ако заприметите скоро сите наши училишта се со графити почнувајќи од Димитар Миладинов, Кочо Рацин, кои даваат една топлина и еден друг сјај. Под капата на општината е и културниот центар „Јадро“ којшто ги менува графитите на неколку месеци во текот на годината. Сите оние објекти коишто се под наша капа ги ослободуваме за слободно изразување на уметниците, а оние објекти коишто се во сопственост на жителите бараме согласности од истите“, изјави Герасимовски.

Општина Центар е една од ретките којашто ослободи легални ѕидови на локалните уметници.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.