Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, остро реагираше на обидот за рушење на училишната зграда што ја изградија жители Албанци во селото Нерово во општина Крушево, нагласувајќи дека во ерата на „политичките сапуници“ токму народот е заборавен.

„Како партија сме трогнати и сме на страната на жителите на село Нерово и нивната кауза. Во недостиг на училиште тие самите си изградија објект – благороден и редок чин“, изјавува Таравари.

Тој изразува загриженост поради фактот што државните органи презеле чекори за уривање на училиштето со образложение дека е изградено без дозвола.

„Ги замолуваме надлежните органи да не го уриваат ова училиште! Го изградија родители за нивните деца“, нагласува Таравари.

На крајот од својата реакција, Таравари поставува директно прашање кое брзо се шири во јавното мислење:
“Што е поправедно? Казино со дозвола или училиште без дозвола?”

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК