Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Членовите на СЗО гласаа за глобален договор за пандемии

Членовите на Светската здравствена организација вчера гласаа на Светското здравствено собрание за потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста во услови на пандемија.

124 земји гласаа „за“, откако Словачка повика на гласање, додека премиерот на земјата Роберт Фицо, скептичен кон вакцината против Ковид-19, побара неговата земја да го оспори усвојувањето на договорот.

Ниту една земја не гласаше против, а 11 земји, вклучувајќи ги Полска, Израел, Италија, Русија, Словачка и Иран, се воздржаа.

Нацрт-договорот, кој се однесува на структурните нееднаквости во начинот на кој се развиваат лекови или вакцини и здравствени алатки, ќе биде формално усвоен денеска на пленарната сесија на Светското здравствено собрание во Женева.

Но, формално нема да стапи на сила сè додека не завршат преговорите за анекс за споделување на патогени, што може да потрае и до две години. После тоа, државите ќе треба да го ратификуваат договорот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена

C +

Русија до украинските војници во Покровск и Купјанск: „Опкружени сте, предајте се“

C +

Путин: Почна сериското производство на „Орешник“

C +