Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Од среда голема промена на времето: Доаѓа пороен дожд и грмежи, но некаде и невреме со град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку степени.

Времето утре:
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 21.05.2025
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 22.05.2025
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 23.05.2025
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК