Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Дебакл на Владата на економски план!

Луѓето кога одат во маркет сфаќаат колку е лоша економската ситуација, платите не растат а цените дивеат, задолжувањето е огромно, она што сега се случува е дебакл на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

-Платите не растат, цените дивеат во маркетите, владата не ги контролира ама баш никако а има механизмии има обврска тоа да го прави да ги заштити граѓаните. Инвестициите со коишто оваа Влада се фали се практично инвестиции се изработени од нашата Влада, од СДСМ и сега доаѓаат на реализација. Еве вратете ги сите оние компании ние сме ги промовирале во изминатиот период. Огромно е задолжувањето. Владата кажува дека е намален јавниот долг како процент од БДП кога процентот на БДП се уште не е објавен колку е овој период од говдината. Значи повторно манипулација. Понатаму последната најава за овие кредити се такво ограничување на фискалниот простор да ништо друго не може да правиме во следните децении. Понатаму каматите и трошоците за живот се толку зголемени, инфлацијата што далеку го надминуваат и растот на бруто домашниот производ. Значи тоа што стои на хартија како бројка граѓаните не го чувствуваат и нема како го почувствуваат како подобрување на нивниот квалитет на живот ниту во следните години имајќи предвид како се одвиваат работите. Така да сметам дека ова што сега се случува е дебакал на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.