Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на престојните локални избори.

На седницата беше донесена одлука дека партијата на претстојните локалните избори во октомври оваа година ќе настапи како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.

„Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Колацијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите.

Исто така, НСДП ја отпочна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите“, соопшти НСДП./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК