Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Во интервју за списанието „Предизвици“ потпретседателката на СДСМ и професорка на Правниот Факултет во Скопје, Ана Чупеска, порача дек во време на засилена глобализација, климатски промени и нови геополитички поместувања, државите со различни културни позадини се исправени пред сериозен предизвик – како да го зачуваат својот социјален мир и да обезбедат одржлив економски развој?

Потпретседателката на СДСМ вели дека одговорот лежи во резилиентноста на демократскиот систем.

„Само демократии кои имаат капацитет институционално да ги акомодираат длабоките културни разлики можат да обезбедат стабилност и просперитет“, вели таа.

Мултикултурализмот, според неа, е дел од тој институционален капацитет.

Таа смета дека моделот на Северна Македонија, кој вклучува правична застапеност, диференцирано граѓанство и културна автономија, претставува корисен пример. Но, таа додава дека овие политики мора да се комбинираат со пошироки мултилатерални рамки, како што се ЕУ и НАТО.

„За држави со сложени идентитети, регионалната соработка и сојузништвата се прашање на безбедност, а не само на економија. Во ера на климатски миграции, социјална нестабилност и растечки национализам, одржливоста на едно општество зависи од неговата способност да интегрира, а не да исклучува. Мултикултурализмот, заедно со интеркултурализмот, треба да бидат нашиот одговор на глобалните предизвици. Тоа не е идеологија, туку стратегија за опстанок“, потенцира Чупеска.

Можеби ќе ве интересира

16-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ГИ ПРИЈАВИЛА СОПСТВЕНИТЕ РОДИТЕЛИ – Тврди дека таткото физички ја нападнал, а мајката подолго време психички ја вознемирувала

ДЕСК

СЕ ОБИДЕЛ ДА УКРАДЕ ДВА КУФЕРИ СО ЛОВЕЧКИ ПУШКИ И МУНИЦИЈА – Кривична пријава против 39-годишник од Гостиварско

ДЕСК

ОСУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Шестмина возеле без положен испит, двајца и покрај забрана

ДЕСК