Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Уапсен кумановец, управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

-На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 49-годишник од кумановско. При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК