Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за силување

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.

Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне.

Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

ДЕСК

Проширувањето на ЕУ и Западен Балкан во фокус на панел-дискусијата во Собранието

ДЕСК

Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

ДЕСК