Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина.
Под мотото „Рециклирај, креирај, блескај“, на 17. и 18. мај, Дајмонд мол организира низа активности за подигнување на свесноста за повторна употреба и рециклирање на отпадот, со цел да се изградат еколошки ставови, особено кај помладите, и преку тоа да се придонесе кон намалување на текстилниот и други видови отпад.
Учествувајќи на различни работилници што ќе бидат организирани во рамки на овој настан, најмладите ќе можат низ интерактивни и забавни активности да научат како да ѝ најадат поинаква намена на својата облека или да и им дадат нов живот на старите фармерки и маици, а ќе учат и како да изработуваат декорации и накит од отпад. Првите работилници ќе се одржат во сабота, 17. мај, од 12.00 до 14.00 часот и се наменети за деца од 5 до 12 години. Во недела пак, на 18. мај, ќе има работилница и модна ревија за креации изработени од отпад, детска модна ревија, советувалиште за модни стилови и танцова изведба на „Скил фактори“. Програмата ќе трае од 12.00 до 14.00 часот.
Паралелно со едукативно-забавната програма, Дајмонд мол, во соработка со „Тексомак“ – компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад, ќе овозможи сите оние што имаат облека и друг вид текстил што не го употребуваат, да го рециклираат со тоа што ќе го одложат во специјални контејнери кои ќе бидат поставени на неколку локации во молот.
Организирајќи го овој настан, заедно со своите посетители, Дајмонд мол помага во подигнувањето на свесноста за еколошките решенија и однесување и на поединците и на компаниите.