Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Еве како изгледа оставката на Таравари доставена кон Мицкоски

Денес во 15:00 часот, Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка.

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната писмена оставка:

————

Почитуван Премиер Мицкоски,

Со ова писмо, Ве известувам дека
поднесувам неотповиклива оставка од
функцијата Министер за здравство на
Република Северна Македонија.
Одговорноста што ја преземав со оваа
функција ја извршував со максимална
посветеност, транспарентност и чувство
на должност кон граѓаните и државата.
Одлуката ја донесувам по внимателна
лична и професионална проценка,
уверувајќи дека овој чекор е во најдобар
интерес и за институцијата и за моите
лични принципи.

Ви благодарам за довербата и можноста
да бидам дел од Владата во еден
исклучително значаен период за
здравствениот систем. Останувам
отворен за соработка и поддршка во
иднина, секогаш водејќи се од јавниот
интерес.

Со почит,
Проф. Д-р Арбен Таравари
Министер за здравство

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК